Ванковска: Споро е темпото за собирање потписи
Засега единствената жена кандидат за претседател, универзитетската професорка Билјана Ванковска, со низа забелешки и укажувања до граѓаните на што да внимаваат доколку решиле со својот потпис да поддржат независен кандидат. Охриѓани својата поддршка за незавесен претседателски кандидат можат да ја дадат до 2 ри март во подрачната единица на ДИК.
Темпото со кое оди собирањето потписи за кандидатура за претседател е споро. Засега единствената кандидатка за функцијата претседател, припадничка на понежниот пол, Проф. Билјана Ванковска вели дека спорото темпо не ја изненадува затоа што зад неа не стоела никаква организација и се е оставено на самоиницијативноста на граѓаните.
Таа додава: „Немам автобуси кои би ги носела своите поддржувачи“. По првите денови на гужва и непристојна агитација од членови на одредени партии, состојбата деновиве била посмирена. Граѓаните во попристојна демократска атмосфера одат да го остават својот потпис, но Ванковска лоцира и еден проблем.
„Главниот проблем е всушност отсуството на информации, главно дали е тоа мој недостаток или на медиумите не би можела да кажам, меѓутоа станува збор за проблем кога граѓаните што сакаат да да дадат потпис не знаат каде да го направат тоа“– вели Фанкоска.
Професорката досега од граѓани кои ја контактирале констатирала низа според неа поситни опструкции. Ванковска укажува да се внимава на дното на секоја тетретка во која се потпишуваат да стои името на кандидатот кого го поддржуваат а посебно да бидат внимателни околу внесување на матичниот број бидејќи тоа го прават службениците. Ванковска укажува и на примери кога некои канцеларии на ДИК биле затворани пред 19 часот односно порано од предвиденото работно време. Дури на некои граѓани им било кажувано дека собирањето потписи било завршено. Но то се однесува само на оние кандидати кои веќе ги собрале потребните потписи а не на сите.
„Значи тоа се одредени ситни опстукции меѓутоа главните проблеми се случуваат надвор од канцелариите на ДИК каде што сеуште има засилен партиски мониторинг, луѓето се плашат дека ќе бидат видени, дека постојат списоци во кој се внесуваат, па дури и ако сакате и мобилни телефони со слики кои регистрираат кој доаѓа потоа има гласно извикување кој за кого е па се читаат податоците од личната карта на глас и тоа би биле тие ситни опструкции, меѓутоа кога имате граѓани кои во голема мерка се исплашени од ваква граѓанска иницијатива тоа се разбира има гоелмо влијание“– нагласува Ванковска.
Ванковска како засега единствена жена кандидат за претседател, очекува женските организации без да ги повика да препознаат интерес за каузата за која се борат 20 години.
{loadposition content9}