Skip to main content

Жителите на Вапила бараат од надлежните решавање на проблемот со водоснабдувањето

Нивната цел е, велат, едноставна, да имаат вода како основно човеково право и да можат да живеат нормален и достоинствен живот.
 |  инфодеск  | 
Прекин вода

Жителите на селото Вапила апелираат до надлежните институции да се преземат мерки и да се овозможи редовно снабдување со вода.

Водата е основно човеково право и неопходност за живот. Секој човек има право на чиста и сигурна вода за пиење, готвење, лична хигиена и секојдневни потреби. Без вода, животот е невозможен. Ние, жителите на селото Вапила, се соочуваме со голем проблем. И покрај тоа што редовно го плаќаме месечниот надомест за водоснабдување, вода нема. Нашите чешми се суви, а ние сме принудени да бараме вода на други начини, што го отежнува секојдневниот живот. Без вода, не можеме да ја одржуваме хигиената, да готвиме, да се грижиме за децата и постарите лица, се вели во дописот до медиумите.

Нивната цел е, велат, едноставна, да имаат вода како основно човеково право и да можат да живеат нормален и достоинствен живот. Апелираат до надлежните институции задолжени за водоснабдување итно да преземат мерки и да им овозможат редовно и сигурно водоснабдување.