Варошани, синоќа и утринава остана без вода
Голем дефект на водоводна линија во стариот дел на градот, варошани ги остави без вода. Екипите на Р.Е Водовод синоќа и утрово работеа на санирање на дефектот, на доста непристапен терен во тешки услови и под рефлектори. Дефектот е отстранет и варошани повторно имаат вода.
Варошани, синоќа и утринава остана без вода. Причина за тоа е голем дефект на водоводната линија, која го напојува 1000 метри кубниот резервоар во непосредна близина на Самоиловата тврдина, кој локалитет се наоѓа на тешко пристапен терен. Техничкиот раководител на Р.Е Водовод, Сашо Сотироски соопштува дека дефектот настанал поради ниските температури.
„Oд ниските температури на мали длабини доаѓа до замрзнување на површинските делови од ПВЦ материјалот на водоводната линија и се намалува протокот на вода, каде што низ овие тесни грла доаѓа до пукање на цевката“.
Сотироски изрази голема благодарност што и месното население соработувало со нив, овозможувајќи им пристап на треренот, бидејќи станува збор за пробивање на пат во приватен имот. Тој рече дека после санирање на штетата не би требало да има проблем со водоснабдувањето во овој дел од градот.
„Планираме да го замениме овој потисен цевковод во должина од 200 метри и се надеваме дека во иднина нема да доаѓа до вакви несакани дејствија. Ќе го замениме материјалот со ист носивен притисок, значи 10 барски полиетиленски цефки за разлика сега се ПВЦ хлорид односно ПВЦ материјал каде што полесно доаѓа до пукање на овој вид на материјал“.
Покрај техничкиот ракводител Сотироски, на лице место беше и директорот на Водовод, Томе Паскалоски. Тој кажа дека нивните екипи синоќа под рефлектори, повторно на непристапен терен работеле на отстранување на дефект до касните саати во стариот дел на градот во близина на пумпната станица Дрвара. Исто така кажа дека последниве неколку дена нивната теренска екипа успеала да санира голем број на дефекти низ градов и околината работејќи деноноќно онаму каде што се налагало потреба.