Васил Ристески им вети на охриѓани решавање на најгорливите проблеми
Императив ќе биде решвање на проблемот со новоотворената продавница за погребни материјали пред влезот на Општата болница од Охрид.
Императив ќе биде решвање на проблемот со новоотворената продавница за погребни материјали пред влезот на Општата болница од Охрид.
Кандидатот за градоначалник на Охрид, поддржан од Социјал-демократската Унија на Македонија, Васил Ристески, вети решавање на најгорливите проблеми кои ги мачат охриѓани. Како еден од тие проблеми, посочен од оние кои веруваат во неговата победа на овие избори е проблемот со новоотворената продавница за погребни материјали пред влезот на Општата болница од Охрид. Ристески кажа дека е станува збор за нечија луда идеја, на некој неодговорен човек во трката за пари. Вети решавање на овој но и низа други проблеми кои ги мачат охриѓани доколку ја добие нивната доверба на изборите во недела.
„Јас им ветив на тие граѓаните дека под хитно како градоначалник ќе го збришам од тој простор, и дури ќе има оговорност за оние кои тоа го дозволиле. За жал има низа вакви случаи низ градов и времето не ми дозволува да ги презентирам но ве уверувам дека максимално, чесно коректно и одоговорно ќе се работи во овој град.Ќе покажеме и докажеме дека може да биде градот поубав и ќе докажеме дека можеме да создадеме услови на сите нас да биде животот поубав“ објасни Ристески.
{loadposition content9}