Skip to main content

Васил Ристески ветува општински совет за урбан развој

Независниот кандидат Васил  Ристески подржан од  СДУ изминатиов викенд ги  посетил сограѓаните од крајезерските села.

 |  Валентина Неловска  | 
vasil r
vasil r

Независниот кандидат Васил  Ристески подржан од  СДУ изминатиов викенд ги  посетил сограѓаните од крајезерските села. Ристески на средбите со жителите од Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, Елшани и Рача ги слушнал нивните креативни идеи. Тие се во прилог на мојата програма за подобар Охрид и поубав живот, рече Ристески. Тој вети дека според неговата изборна програма по добивање на градоначалничкиот мандат веднаш ќе конституирал посебен развоен совет.
risteki
„Како градоначлник веднаш ќе конситуирам совет за урбан  развој. Од секоја месна заедница ќе има делигирани преставници на волонтерска основа кои ќе донесат програми врз потребите и интресите на секоја Месна заедница. Програмите ќе бидат имплементирани во програмата за поубав Охрид и подобар живот, нагласува Ристески.

Ристески е задоволен од повикот на против кандидатот Петрески за одржување на ТВ дуел. Тој смета дека јавните дебати  се во интерес на граѓаните за да ги  споредат изборните програми на кандидатите за градоначалници.
Ристески најави дека во нивата агенда следни посети и средби се планираат со жителите на Горно и Долно  Лакочереј и населбата Радојца Новичиќ. 

{loadposition content9}