Василески: Дел од програмата „Реално“ и Светиклиментовиот универзитет
Светиклиментовиот универзитет кој е дел од програмата РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ e едно од најзначајните капитални дела од доменот на културното наследство, кажа кандидатот за пратеник, Сашо Василески, на денешната прес конференција која ја одржа на Плаошник.
Возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет предвидува изградба на манастирски конаци, Богословски факултет, музеј на Плаошник, Светиклиментова библиотека, Македонски институт за хуманистички науки и канцеларија на МАНУ за хуманистички науки. Со овој проект ќе блесне целокупното црковно и световно жариште на најсветото место во Македонија наречено Плаошник, кажа Василески.
„ВМРО ДПМНЕ не застанува тука и во доменот на културата во градот Охрид ќе спроведе и конзервација на фрескоживописот на црквите Св. Никола Болнички и Св. Богородица Болничка во Охрид каде што со овој проект ќе се добие соодветна заштита на спомениците на културата од 14 век. Но конзервација на фрескоживописот е предвиведна за една од најзначајните цркви во Охрид и Македонија црквата Св Софија. Фрескоживописот на црквата Св. Софија кој ќе се конзервира е од периодот од 11 до 14 век и токму тој е во агендата на сите домашни и странски посетители на градот Охрид.Има уште многу други проекти кој се во програмата на ВМРО ДПМНЕ од доменот на културното наследство и токму ваквиот пристап кон почитувањето на културното наследство и проекти кои водат кон пропагирање на македонската култура и историја несомнено претставуваат примарна тематика на програмите на ВМРО – ДПМНЕ“.