Skip to main content

општина охрид

Традиционален Василичарски појадок во Општина Охрид

На традиционалниот заеднички појадок по повод празникот Василица што се организира во Општина Охрид паричките ги најдоа Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески.
 |  инфодеск  | 

На традиционалниот заеднички појадок по повод празникот Василица што се организира во Општина Охрид паричките ги најдоа Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески. Вработените си посакаа желби за добро здравје, среќна и бериќетна година, успех во работата и напредок на Општина Охрид.

Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Секретарот Александар Китески, Елена Јанковска – Цветаноска и Никола Прангоски.

Во духот на традицијата новите и минатогодишните кумови градоначалникот Кирил Пецаков ги даруваше со сребрени парички.