Василичарите од Вевчани продефилираа низ сред село носејќи интересни маски
Василичарите од Вевчани продефилираа низ сред село носејќи интересни маски.
Почна традиционалниот Вевчански карневал. Повеќе од 1000 василичари продефилираа низ сред село носејќи интересни маски. И овој пат карневалските маски беа инспирани од личности и настани кои ја одбележаа 2013 година. На карневалот беше присутен и Субрата Рој со својата тајфа, но секако само како маска. Имаше и други бројни интересни маски. Манифестацијата започна пред два дена, а кулминацијата на прославувањето се очекува вечерва. Вевчани кое живее за оваа традиција која има долги корени привлече бројни домашни и странски туристи кои беа пријатно изнендаени од карневалската манифестација.
Вевчанскиот градоначалник Цветомир Угринсоки е задоволен од организацијата на кареневалската манифестација. Синоќа во Вевчани престојувале околу 20.000 гости од земјава и странство, кажа Угриноски. Вечерва се очекува повторно голема бројка на посетители.
„ Денес почнува она правото василичарското. Василичарите се главни актери настапуваат и да се забавуваме со нив. Денес е правото, она што доаѓа, досега беше забавен дел , а од денес настапуваат василичарите.“
На карневалската манифестација беше присутна и Елизабета Канческа Милелска, министер за култура. Минситерството за култура го поддржувало и ќе го поддржува Вевчанскиот карневал, порача Милеска. Во однос на кретаивноста на маските со кои се исмеваат личности и настани кои се актуелни за годината на заминување Канческа Милеска смета дека никој не треба да се навреди.
„ Овој настан треба да го гледаме како нешто што ќе не насмее, бидејќи креативноста не може секој да ја поседува. Таа многу ретко може да биде интелект и милсам дека треба да се гледа како позитивна придобивка за нас и нашата држава.“
Пред полноќ ќе се избира најкретаивната маска, а за најдобрите ќе се додели буре со Вевчанска Крв, односно вино. Учесниците на карневалот вечерва ќе ги забавуваат музичарите Ефто Пупиноски, Сузана Спасовска, Миле Кузманоски и други музички групи.
{loadposition content9}