Од Здружението „Богојавление Водици“ од Охрид, во соработка со Дебарско-кичевската епархија при МПЦ-ОА и Општина Охрид, за вечерва ја најавуваат премиерата на документарниот филм „Свето Богојавление 2026“.
– Документарниот филм „Свето Богојавление 2026“, освен на главното случување, беше сниман и во неколку денови за време на подготовките на градот Охрид за големиот празник Богојавление Водици, со цел пошироко да се раскаже приказната и значењето на самиот празник, неговата големина и светлина во срцата на луѓето, велат од здружението.

Инаку, филмот е дело на Симјаноски Бојан, со музика на Горан Трајкоски. Премиерата ќе биде вечерва, 27 јануари 2026 година, во 20:00 часот, на интернет платформите YouTube, Facebook и Instagram, преку профилите на Богојавление Водици.