Skip to main content

Вечерни концерти на плажи-законски или противзаконски?

Веќе се најавени првите поголеми настапи кои се закажуваат за доцните вечерни и раните утрински часови, па се наметнува прашањето дали со тоа не се прекршува дозволеното работно време.

 |  Мишел Наумоски  | 
koncert plaza
концерт плажа

Ако не ни е јасно дали започнала летната туристичка сезона, тогаш треба само да фрлиме поглед кон некои од плакатите низ градов. На нив ќе видиме најави за концерти, за свирки и настапи. Штом има концерти, сигурни сме, дојде лето. Во последно време се почесто ваквите свирки или концерти се одржуваат на охридските плажи, и тоа во термини од доцните вечерни до раните утрински часови. А дали се плажи, кафе барови или ноќни клубови, е тоа е веќе некое друго прашање. Со законски норми кои го одредуваат работното време како и степенот на дозволена бучавост, се наметнува прашањето дали плажите воопшто смеат, а богами и до колку смеат да нудат ваков вид на забава за туристите. Градоначалникот Петрески дециден по ова прашање.

Kadmo plaza„Тоа не смее да се случи. Сите инспекции треба да делуваат, затоа што плажите не се место за концерти. Во концесиите јас сум убеден бидејќи ги немам видено договорите за концесија, сум убеден дека има работно време и дека плажите не се објекти каде што можат да се одржуваат концерти. Концерти се знае каде се одржуваат, може да се одржуваат во разни сали, еве тука е спортската сала може да ја изнајмиме, може да биде на јавни и други површини меѓутоа никако не може да биде концертот на плажа.“-рече градоначалникот Петрески.

Раководителот на пазарниот инспекторат, Ѓорѓи Бошалески пак вели нешто сосема спротивно. Тој е запознаен со веќе најавените концерти, но вели дека пазарниот инспекторат не може да го спречи нивното одржување бидејќи законот не им го дозволува тоа.

Quba plaza„Во однос на плажите значи ние работиме по Законот за угостителска дејност во кој што децидно се кажува кои називи може да ги има угостителскиот објект. Значи назив „плажа“ како плажа не постои! Ние работиме по Законот за угостителска дејност и сите тие имаат регистрирано „кафе бар“ што значи дека можат да работат во согласност со Законот за угостителска дејност, дали е до 1 часот, дали до 2 или до 3 часот. Во однос на договорите за концесија и јас ги немам видено така да концесионерот доколку ги има ограничено , а тие не се придржуваат на ова што го вели градоначалникот, може слободно да им ги раскине договорите и да им ја одземе концесијата.“-вели раководителот на пазарниот инспекторат, Ѓорѓи Бошалески.

Бошалески вели дека досега имаат забележано одредени објекти кои не го почитувале пропишаното работно време, но додава дека досега немало некои поголеми нарушувања. Сепак и покрај тоа што плажите работат според Законот за угостителска дејност, се наметнува прашањето како и дали концесионерите ќе успеат да го испочитуваат дозволеното ниво на бучавост, а притоа да имаат музика во отворен или полуотворен објект на плажа.

{loadposition content9}