Skip to main content

Народен театар охрид

Вечерва и утре Секс, лаги и љубомора

Вечерва и утревечер со почеток во 20 часот, во ЦК „Григор Прличев“ ќе биде одиграна претставата „Секс, лаги и љубомора“.
 |  инфодеск  | 
Претстава

Поради огромниот интерес кај публиката, Народниот театар Охрид на репертоарот повторно ја стави претставата „Секс, лаги и љубомора“, од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски. Претставата е закажана за вечерва и утревечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.

Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак. Коле Ангеловски е еден од најплодните македонски режисери.

Претстава

Самото дејствие се случува во зграда, во стан модерно наместен со прекрасен поглед на градот, со убаво креирана костимографија. Несуден диригент на ова лакрдија е куќната помошничка која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа. Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек – велат актерите.

Картите по цена од 200 денари може да се купат на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид или да се резервираат на телефоните 046/261-063, 075/283-066.