Skip to main content

Вечерва Велигденски концерт на ООМУ „Методи Патче“

Вечерва ќе се одржи традиционалниот Велигденски концерт на ООМУ „Методи Патче“.
 |  инфодеск  | 

Вечерва со почеток во 19:00 часот ќе се одржи традиционалниот Велигденски концерт. Концертот ќе се одржи во концертната сала на ООМУ „Методи Патче“.

Инаку, учениците од музичкото училиште можат да се пофалат со нивните многубројни успеси. Последно, на јубилејното десетто издание на меѓународниот натпревар ,,Полихимнија“, Ана Јосифоска освои прва награда (99 поени), а Виктор Србиноски освои специјална прва награда (100 поени) и настапи на завршниот концерт на лауреатите. Ана и Виктор се ученици во класата на наставничката Елица Рашкова. Од школото изразуваат и благодарност до наставникот Даниел Чуркоски за пијано придружбата и огромната поддршка.