„Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти
Вечерва кај црквата „Св. Петка” во село Велгошти ќе се одржи традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.
| | Охрид
Вечерва кај црквата „Св. Петка” во село Велгошти ќе се одржи традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.
Предвидена е богата програма, а ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго. По обраќањето на претставник на општина Охрид ќе биде доделена наградата за најдобар расказ. Годинава добитник на наградата „Живко Чинго“ е Јована Матевска Атанасова, романсиерка и рецензентка, автор на расказот „Пура во Осака“.
Покрај тоа, ќе биде промовирана „Книга за Чинго“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а промотор ќе биде проф.д-р Виолета Ачкоска, по што ќе следи културно – уметничка програма.