Вечерва хуманитарен концерт во чест на Андреј Лаброски
Вечерва ќе се одржи хуманитарен Jam session, во чест на младиот охридски музичар Андреј Лаброски, кој беше член на Ансамбл Билјана.
Датумот е одбран симболично, бидејќи 16-ти е датумот на раѓање на Андреј.
– Почитувани пријатели, другари и колеги, сите оние кои се почитувачи на ликот и делото на Андреј Лаброски со огромна чест и задоволство ве каниме да се собреме сите заедно да го одбележиме неговиот роденден. Иако него веќе го нема нека не води неговиот дух и неговата идеја за подобро утре за сите. Ги покануваме сите колеги музичари кои се во можност активно да земат учество во овој настан, бината е ваша.-велат од Aнсамбл „Билјана“, чиј член беше Лаброски.
Настанот ќе се одржува на плажата во хотелот „Аквалина“ од 21:00 часот и е од хуманитарен карактер. Картите се купуваат на самиот влез и се по симболична цена од 100 денари. Собраните средства ќе се донираат на Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“ од Охрид.