Кривична пријава
Велешанец ширел говор на омраза на фејсбук
Кривична пријава за жител на Велес кој по текст објавен од портал на фејсбук, постирал коментар со кој ширел говор на омраза и поттикнувал насилство.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(24) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.
Тој, на социјалната мрежа Фејсбук, по текст објавен од еден портал, постирал коментар со кој ширел говор на омраза и поттикнувал насилство – се вели во соопштението на СВР Охрид.


