Skip to main content

Велестово виде асфалт после 32 години

Инвестицијата вредна 164 илјади евра ќе се одвива во две фази, а според градоначалникот Бакрачески, истата би требало да виде завршена за година дена.

 |  Мишел Наумоски  | 
pat Velestovo
пат Велестово

Први камиони асфалт во Велестово после 32 години. Денес започна реконструкцијата на патниот правец Охрид-Велестово финансирана од страна на Агенцијата за патишта на Република Македонија. Проектот е вреден 164 илјади евра, а истиот ќе се реализира во две фази. Во првата фаза, со околу 80 илјади евра ќе се реконструира делницата на влезот во селото, додека во втората фаза ќе се реконструира почетната делница од бензиската пумпа кај Билјанини Извори до зградата на НП „Галичица“.

asfaltiranje pat Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека реконструкцијата на овој пат за локалната е од приоритетно значење, како и за луѓето кои живеат таму и туристите кои го посетуваат.

„Се работи за пат кој ќе биде широк 4 метри со две банкини од страните, со широчина од 0,5 метри. Истиот ќе биде и реконструиран и проширен и ќе бидат зајакнати со асфалтирање конструктивните елементи од патот од хоризонталните и вертикалните кривини, така што ќе добие дебелина од 20 сантиметри и ќе претставува една солидна основа по која што понатака ќе има долгорочен квалитет по кој секако ќе можат да се движат сите оние жители на Велестово и сите оние туристи и гости на кои ова место им е посебно драго и кое претставува атрактивна понуда во туризмот на Охрид.“-вели градоначалникот Никола Бакрачески.

asfalt VelestovoЛокалното население, задоволно што после толку години добива нов асфалт.

„Голема благодарност до градоначалникот и општина Охрид што после далечната 1983та година оваа тешка машинерија се искачи до ова село. Уште една благодарност до групата млади луѓе кои живеат за с.Велестово и се надеваме дека со помош на градоначалникот ќе ги оствариме нашите животни цели. Ова нека биде само почеток на нашата соработка. Премногу сме благодарни и еден апел до градоначалникот и општина Охрид да имаат слух за нашите сепак мали побарувања.“-рече Никола Кочоски, претседател на МЗ Велестово.

Ohrid-VelestovoИнаку изведувач на работите е градежната фирма АД „Илинден“ од Струга. Според градоначалникот Бакрачески, асфалтирањето во првата фаза ќе заврши за петнаесетина дена, додека втората фаза најверојатно ќе биде завршена за година дена. Градоначалникот рече дека локалната досега реализирала комплетно 89 од вкупно 140 ветени проекти, и уште еднаш потсети на најавените проекти за пешачката зона од Студенчишта до Парк, изградбата на малиот плоштад кај Мини маркет, асфалтирањето на улиците „Питу Гули“, „Илија Смически“ во Лескоец, патот од Елешец до Елшани, завршување со поставувањето на фекална канализација во Лескоец и изградба на нова водоводна мрежа, изградба на игралишта за фудбал и одбојка на песок во Воска.

{loadposition content9}