Велгоштанец го нарушил јавниот ред и мир во спортска обложувалница
Жител на охридското село Велгошти го нарушил јавниот ред и мир во спортска обложувалница. Пожар во возило кое се движело по улицата 7-ми ноември во Охрид. Погледнете го најновиот СВР Билтен.
На 11.09.2021 година околу 19 часот, во СВР Охрид приведен е Н.М.(34) од охридското село Велгошти кој претходно, во спортска обложувалница лоцирана на улицата „Кленоец” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, а потоа и кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.09.2021 година во 20,20 часот, во СВР Охрид пријавен е пожар на возило кое се движело по улицата „7 ноември” во Охрид, во кој, нема повредени лица. Од извршениот увид, констатирано е дека, пожарот настанал во патнички автомобил „Фиат Пунто” со охридски регистарски ознаки, што го управувала А.Р.(47) од охридското село Велгошти. Интервенирала Територијалната противпожарна единица.