Skip to main content

Во Велгошти се одржа традиционалниот маскенбал „Емшири 2026“

Пецаков: ‎Со искрени желби за здравје, меѓусебно почитување, прошка и духовен мир, на сите граѓани им го честитам празникот Велики Поклади – Прочка. Нека овој празник не потсети дека заедништвото, љубовта и семејната топлина се најголемите вредности што треба да ги негуваме секој ден. Нека е за многу години!
 |  инфодеск  | 

По повод големиот верски празник Велики Поклади Прочка, традиционално и оваа година во охридското село Велгошти, се одржа маскенбалот „Емшири 2026“. Истиот се одржа на спортското игралиште „Тодор Александров“, во организација на Месната заедница на селото Велгошти, а за сите маскирани дечиња, емширчиња, беа обезбедени симболични подароци

-‎Со искрени желби за здравје, меѓусебно почитување, прошка и духовен мир, на сите граѓани им го честитам празникот Велики Поклади – Прочка. Нека овој празник не потсети дека заедништвото, љубовта и семејната топлина се најголемите вредности што треба да ги негуваме секој ден. Нека е за многу години!, изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој присуствуваше на настанот.