На 28.12.2022 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле А.Ч.(43) од с.Велгошти, охридско, затоа што околу 17:50 часот се однесувал агресивно и оштетил дел од инвентарот во угостителски објект на кеј „Македонија“.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.