Skip to main content

Воскресение христово

Велигденска честитка на градоначалникот Пецаков

Градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните од православна вероисповед по повод големиот христијански празник Велигден.
 |  инфодеск  | 
Кирил Пецаков

По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до сите граѓани од православна вероисповед.

На овој прекрасен ден, нека Бог Ве благослови со здравје, мир и огромна среќа. Светлината на Христовото Воскресение, нека Ви ги покаже највозвишените човекови чувства и нека Ве научи повеќе да се радувате, да простувате и да се почитувате. Посакувам вербата и надежта во подобро утре да станат единствена животна водилка, а празничната радост да ги отвори срцата за многу повеќе љубов и милосрдие. Духовните вредности се најсилниот темел за градење на подобра иднина за нас и идните генерации, па затоа да бидеме сплотени и единствени во зачувување на заедничките вековни традиции. Драги пријатели и сограѓани, поминете ги овие празнични денови во семејна хармонија, имајте многу пријатни моменти и создавајте незаборавни спомени. Нека е за многу години Велигден, Христос Воскресна, Навистина Воскресна! – стои во честитката на градоначалникот Пецаков.