Велигденски јајца, колачи, украси, пилиња. Основците од Св. Климент Охридски од Охрид и Св. Наум Охридски од Пештани за Велигден подготвија хуманитарни продажни акции.
Продажната хуманитарна акција во ООУ Св. Климент Охридски е проект на советот на родители и истата од година во година е се поорганизирана и поуспешна.
„Како и секоја година, така и оваа организиравме продажна хуманитарна акција. Парите кои ќе се соберат се наменети за дечињата од социјално загрозените семејства, поточно за оние кои не се во можност да платат за престојните екскурзии“, вели преставникот од Советот на родители, Наташа Карче.
Но не само во Св. Климент, хуманитарна велигденска продажна акција денеска имаше во Пештани. Основците од Св Наум Охридски за прв пат годинава изработуваат предмети за продажба. Дечињата не можеа да го скријат задоволството од тоа како помина акцијата. Покрај децата презадоволни од акцијата беа и од раководството на училиштето.
„Целата акција одеше преку совет на родители. Сите средства кои ќе се соберат одат на сметка преку советот на родители и здружение на граѓани што си имаат формирано, така да со тие средства ќе располагаат родителите. Овие пари ќе бидат цел за добивање на средства од проектот со мировен корпус. Ние имавме обврска да собереме средства, но на ваков начин, за да добиеме дополнителни средства од мировен корпус. И истите средства се за санирање на таваните во сите училишта колку што ќе можеме и колку што ќе имаме средства“, вели директор ОУ Св Наум Охридски, Зоран Целески.
Целески не информираше дека продажната која за прв пат се организираше во ова училиште имаше пошироки размери. Покрај во училиштето во Пештани истата точно на пладне денеска се одржа и во подрачните училишта во селата Трпејца и Коњско и во Елшани.
{loadposition content9}