Skip to main content

Велигденски базар во Охрид, по петти пат

Велигденски базар во Охрид, по петти пат. Оваа манифестација на која ученици, занаетџии, фирми и професионалци излагаат творби и разни посни специјалитети подготвени во духот на големиот празник Велигден, има хуманитарен карактер. Покрај тоа, градот со овој настан ја збогатува и туристичката понуда.

 |  Николоска Биљана  | 

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден петта година по ред на плоштадот „Крушевска Република“ се одржува Велигденски базар. Локалната самоуправа во соработка со ЈП „Градски Пазар “ и годинава преку овој настан покажува солидарност, еднаквост, поттикнување на социјалната вклученост на лицата во социјален ризик, како и промоција на автентичните македонски специјалитети кои се подготвуваат за време на големите пости но и за самиот ден Велигден. Вештите раце на вредните излагачи и годинава понудија интересни велигденски украси и специјалитети.

„На нашата тезга има изработки од волонтерите од грижа за стари лица, од децата од бреинобреин и од групите од ПХВ“.
„Има заинтересираност интересно е тоа што хуманитарен проект и мило ни е што има хумани луѓе кои што купуваат и сакаат да учествуваат“.
„Како секоја година така и годинава учествуваме мотивот е и младите да бидат хуманитарни и да учествуваат“.
„Нас ни беше голема чест и задоволство што сме дел од оваа акција имаме дружба и многу интересно е и тука можете да видите се она што го подготвивме ние студентите.

Велигденскиот базар е настан од хуманитарен карактер, во согласност со духот на големиот празник Велигден кој ни претстои, рече директорката на ЈП „Градски пазар“, Кристина Крлеска Деспотоска

Оваа манифестација во голема мера е и од забавен карактер бидејќи учество земаат и општинските основни училишта, Распеано рибарче како и најмладите од детската градинка Јасна Ристеска. Oваа манифестација има и промотивен карактер каде одредени занаетџии и фирми имаат можност да ги промовираат рачните изработки како и своите традиционални специјалитети кои се дел од нашето поднебје

На 15на штандови можеа да се видат рачно изработени кожни и плетени производи, торти, колачи, козињак и традиционалните ѓомлезе и питулици, комад, кои се продаваа по симболични цени. Оваа година голем бил интересот за учество на Велигденскиот базар, кој беше отворен денес а ќе трае и утре.