Skip to main content

општина охрид

Велигденски концерт на ОМУ „Методи Патче“

Учениците од Основното музичко училиште „Методи Патче“ вчеравачер приредија свечен Велигденски концерт.
 |  инфодеск  | 

По повод претстојните Велигденски празници, учениците од Основното музичко училиште „Методи Патче“ вчеравачер приредија свечен Велигденски концерт.

Публиката имаше можност да ужива во низа музички композиции на младите музичари, под менторство на нивните наставници. Во името на Општина Охрид на настанот присуствуваа Ана Крстеска, заменик градоначалник и советничките во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева Стојаносвска и Александра Настоска Николоска.