Велигденски саем на охридскиот пазар
Велигденски саем на охридскиот пазар.
Велигденски саем ќе има во охридскиот градски пазар. Козињаци, торти, кифлички, оригами се само дел од производите кои ќе се продаваат пред големиот христијански празник Велигден. Сите правни и физички лица кои ќе покажат интерес три дена ќе имаат можност да ги нудат на продажна своите производи на безплатни тезги. Јованка Сион Доленц, занаетчија и производител на рачно изработени свеќи ја поздравува ваквата можност.
„Од се срце ја поздравувам иницијативата на градски пазар. Апелирам и до другите локални институции да преземат вакви иницијативи за да има поголем број вакви збиднувања каде креативните луѓе може да се покажат пред јавноста што се изработиле, а другите кои се помалку креативни да го збогатат својот дом со нашите креации“, кажува Сион Доленц.
Организирањето на Велигденскиот саем е идеја на ЈП Градски пазар. Тие нудат можноста производителите икретаивните луѓе да заработат, а оние пак кои немаат врема за изработка на прехранбени прозиводи и декорации да можат да ги купат на едно место.
Во ЈП веќе пристигнале и првите пријави од заинтересирани продавачи за изнајмување на штандови. Марија Завојчева од одделенито за односи со јавност вели дека се подготвени да им излезат во пресрет на сите заинтересирани правни и физички лица. Тезгите ќе бидат поставени на просторот пред месарницата Мега, информира Завојчева.
„ Тука можат да изложат разни оригами, велигденски производи, свеќи, народни носии, конкретнипроизводи бидејќи е Велигден па затоа така сакаме изложбата да е сконцентрирана на празнични прозиводи. Можат да се изложат разни рачни изработки од цвеќе и други декоративни предмети, “вели Завојчева.
Пријавувањето на заинтересираните е најдоцна до 15 април. Продажните штандови ќе почнат со работа на Величетврток, а ќе траат во наредните два дена. Од ЈП Градски пазар планираат оваа идеја да прерасне во традиција и штандови да се поставуваат пред секој христијански и муслимански празник.
{loadposition content9}