Добитник на овогодинешната награда за најдобар расказ „Живко Чинго“ е Анета Велкоска – ОДА, за расказот „Зошто роботите не умеат да љубат“.
Анета Велкоска – ОДА е добитник на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија за своето творештво, а годинава за првпат учествува на конкурсот што го распишува Општина Охрид во чест на македонскиот великан.
Свеченото доделување на наградата ќе биде на 13-ти август на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“, што ќе се одржи во неговото родно Велгошти.