Skip to main content

Велосипедистите го поддржуваат доделувањето на ваучери за набавка на велосипеди

Овој потег на локалната ќе ја зголеми свесноста за придобивките од возење велосипед.
 |  инфодеск  | 

Доделувањето на ваучери за набавка на велосипеди за млади лица до 29 години ќе ја зголеми свесноста за придобивките од возење велосипед. Во Охрид години наназад се вложува во  вело инфраструктурата. Градот има идеални услови за развој на велосипедизмот, но потребно е  изградба на нови вело патеки.

Статистиката покажува дека велосипедистите се најзагрозена категорија во сообраќајот, затоа мора да се работи на подигнување на безбедноста и сигурноста, на возачите на овие еко рекреативни превозни средства.

– Секако за поздравување е оваа иницијатива на локалната смаоуправа тоа всушност значи дека многу понагласено се согледува моментот од потреба на многу повеке велосипеди на сообраќајниците бидејки бенефитите се повекекратни. Со оглед на тоа дека ке има нова иницијатива тоа значи дека и грашѓаните веке се свесни дека има огромни предности во однос на другите превозни средства во однос на мобилност и секако тоа значи дека Охрид конечно го одбива оној урбан велосипедкси лик кој што впрочем го заслужува, вели Стефан Димоски претседател на ИПА Охрид.  

Во современите земји велосипедизмот е начин на живот, во нашата треба да се работи на проширување на велосипедската мрежа. Поддржувачите на велоспедзмот  со години бараат велосипедско поврзување на Охрид и Струга.

– Се вршат интензивно реконструкции по улиците во Охрид се врши проширување а во тек се и зафати и надов од центар се означуваат вело патеки тоа е добро прво од безбедносен аспект, бидејки велосипедистите имаат своја безбедна патека каде да се движат. Таа патека е и соодветно зоначена и огардена од коловозот. Значајно е тоа што Ипа еве веке подолг период ја иницира идејата за велосипедско поврзување мегу двата градови Охрид и Струга. Тоа е идeа од 2015 година и го продолживме преку Ипа, додава Димоски.

Придобивките од изградба на современи велосипедски патеки во двата градови ќе бидат големи. Како рекреативна и безбедна инфраструктура  дополнитлно ќе привлекуваат туристи.

За подигнување на свесноста за велосипедизмот и  годинава на 14 јуни Ипа Охрд ќе ја организира Ипа вело турата „На точак Охрид Струга да видам“.   

Новинар Соња Рилковска