Велосипедистите повторно апелираат за изградба на безбедна велосипедска патека на стариот пат Охрид Струга
Апелот доаѓа, откако пред неколку денови повторно беше тешко повреден велосипедист од Струга на патот Охрид Свети Наум, кај населбата Елешпец. Претпоследната тешка сообраќајка на стариот пат кон Струга кај Подмолје , во која животот го загуби 17 годишен велосипедист од струшко Ливада се случи пред два месеци.
Безбедна велосипедска патека на стариот пат Охрид Струга, бараат велосипедистите. Апелот доаѓа, откако пред неколку денови повторно беше тешко повреден велосипедист од Струга на патот Охрид Свети Наум, кај населбата Елешпец. Претпоследната тешка сообраќајка на стариот пат кон Струга кај Подмолје , во која животот го загуби 17 годишен велосипедист од струшко Ливада се случи пред два месеци.
Спортистите се жалат, велат немаат рекреативни патеки за тренинг, па најчесто тренираат на стариот пат мегу двата градови. Тој сообраќајен правец е потполно небезбеден, често се случуваат несреќи, бидејќи возачите возат со огромна брзина.
„Жалосно е за вакви градови како Охрид и Струга да нема велосипедска патека. Ние велосипедистите секојдневно сме спречени да уживаме во нашиот спорт. Може да забележите дека многу луѓе поради пандемијата се придружија на рекреативна активност , особено возење велосипед. Возачите на автомобилите можеби ке не обвинуваат, но сметам дека мора итно да преземе нешто за да можеме да уживаме во возење велосипед“, вели Мими Стојаноска велосипедист спортист.
Спортистите, преку мирен масовен протест во март, кој се одржа пред општина Струга побараа општините Охрид, Струга и Дебарца да одржат итен состанок со Макеоднија пат и да преземат мерки за проширување на патот и изградба на безбедна велосипедска патека.
„Ние протестиравме имавме и мирен протест уште еднаш ќе апелирам до државата, до општина Охрид, општина Струга локалните институции да преземат нешто. Верувам дека може да се направи нешто ние сме отвоени сме за соработка. Апелирам што псокоро да се направи проект, возможно е да се направи велосипедска патека што ќе ги поврзе градовите Охрид и Струга“, додава Стојаноска.
„Уште пред пет години ИПА од Охрид ја афирмира идејата на овој патен правец Охрид Струга да се изгради безбедна велосипедкса патека“, Соња Рилковска.
Велосипедистите бараат силно полициско обезбедување на стариот пат Охрид Струга и на патниот правец кон Свети Наум. Доколку итно не се преземат мерки тие најавија протести и во Охрид, но и блокади на патот.