Skip to main content

Велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Настанот ќе започне во 08:00 часот, а организатори се Europe House Struga, во соработка со Општина Струга и Спортскиот клуб „Соларис“.
 |  инфодеск  | 
ОхридскоЕзеро

По повод Денот на Европа, на 16 мај ќе се одржи велосипедска тура околу Охридското Езеро на релација Струга–Поградец–Охрид–Струга, во должина од 90 километри.

Настанот ќе започне во 08:00 часот, а организатори се Europe House Struga, во соработка со Општина Струга и Спортскиот клуб „Соларис“.

Организаторите најавуваат заедничко возење низ трите градови, можност за нови познанства, како и освежување и музички пунктови долж трасата, со цел турата да понуди дополнително спортско и забавно доживување за учесниците.

За безбедноста на велосипедистите ќе бидат обезбедени полициска и медицинска поддршка, а за сите учесници се предвидени и брендирани материјали. Турата ќе заврши со заеднички финиш и ручек.

– Придружете ни се на турата околу Охридското Езеро и бидете дел од заедничко искуство што поврзува, порачуваат организаторите.