Skip to main content

Велосипедска тура на основците од „Христо Узунов““

Со велосипедска тура по маршута, Охрид – Косел -Лакочереј – Ливоишта – Орман – Охрид, основците од „Христо Узунов“ со еден несекојдневен настан, на точак, го одбележаа денот на независноста на РМ.

 |  Николоска Биљана  | 
velo tura hristo
вело тура христо

velo tura hristoВелосипедска тура на основците од „Христо  Узунов“. По повод денот на независноста на Р. Македонија 8 ми септември, 100 тина велосипедисти од активот на физичка култура на училиштето, денот го одбележаа со несекојдневен настан. Директорот Тони Симоноски, задоволен од масовноста на децата како и од кадарот кој се вклучи во оваа интересна велосипедска тура.

„Целта беше со нивни разговор да кажеме дека и велосипедистот е еднаков во сообраќајот а секако и да го воздигнеме малку младиот дух да спортува да вози велосипеди односно се со цел за зачувување на здравата животна средина. Голема благодарност до СВР Охрид до Велосипедскиот клуб З`Ш Точак кој што имаа едукативно предавање, што значи да се вози точак односно која е опремата на точакот а пред носењето на кацига кога се вози велосипед, во тој поглед имаме една поголема маршута, од овде до Косел, Ливоишта Долно и Горно Лакочереј, по Туристичка, на плоштад и назад во училиштето“ – вели Симоноски

velo tura hristoСе одлучивеме на една подолга маршута со цел учениците да почуствуваат како е да се вози една полесна тура, а не да биде класично парадирање до плоштадот и назад како што тоа беше случај во минатото, вели Жанко З`Ш Голабоски од ВК З`Ш Точак.

„Едукацијата беше во опремата, која опрема треба да ја користат, на прво место ја ставивме кацигата, исправен велосипед, умерено возење низ градските улици, како треба да се вози на отворен пат, заштитни елеци, дресови, основната опрема потоа децата ги подготвувавме како треба да возат на денешната тура како треба да се внимава по удолници, каква храна да користат“ – изјави Голабоски.

Покрај основците од Христо Узунов на велосипедската трка се вклучија и членови на двата охридски велосипедски клубови „З`Ш Точак“ и „Екодром“. Велосипедистите возеа со придружба на полициска екипа и со екипа на охридскиот Црвен Крст.

{loadposition content9}