Skip to main content

Велосипедско дефиле во Охрид

Охрид има долга традиција за велосипедизам и можност за развој на велосипедскиот туризам. Но мора да се работи на подигнување на нивото за уште поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот, велат претставниците на Републичкиот Совет за безбедност. Денешното велосипедско дефиле кое почна од пред платото на ЦК „Григор Прличев“ на кеј „Македонија“ добар чекор за промоција на велосипедизмот.

 |  Николоска Биљана  | 

Неколку деца од предшколска возраст, ученици, рекреативци и вљубеници во велосипедизмот, учествуваа во големото дефиле на велосипеди кое денеска се возеше по градските улици во Охрид.  Како што нагласи претседателот на Советот за безбедност Стефан Димоски целта е не само промоција на велосипедизмот, туку и подигнување на степенот на безбедност на велосипедистите во сообраќајот како ранлива категорија учесници во сообраќајот, како и елиминирање на сите можности за проблем при управување со велосипед. Димоски се осврна и на проблемот со моменталната велосипедска инфраструктура во градов.

„Ние сметаме дека велосипедската инфраструктура не е во оној степен во кој што е потребно да е. Но сепак имаме значителен број на  велосипедски патеки кои што се користат и би требало максимално да се користат. Ние во наредниот период во соработка со Локланата самоуправа ќе иницираме и други елементи кој ќе ја издигнат велосипедскта инфраструктура а потребното ниво“ – вели Димоски.

Можностите кои што ги нуди градов за велосипедизмот се повеќе од поволни, нагласува заменик градоначалникот Ангел Јанев. Тој порача сите родители со своите деца да ги подржат проектите како велосипетското дефиле.  А во врска со велосипедската инфраструктура вели дека е добра но може и подобро да биде.

„Се размислува и тоа како, во Охрид не е случај, меѓутоа сведоци сме дека во многу градови и на Балканот и пошироко дека велосипедот е едно од најкористените средства, најздраво и најефтино во секојдневното движење и во доаѓање до локациите каде што треба. Локалната интензивно размислува за решенијата поврзани за и околу инфраструктурата не само за велосипедите туку и воопшто целата сообраќајна инфраструктура бидејќи Охрид со својата местоположба е таков“ – нагласи Јанев.

Претставникот на Републичкиот Совет за безбедност Љупчо Ставрески истакна дека  Охрид мора да размислува за развој на велосипедскиот туризам, кој што во западните земји е многу развиен.

„Велосипедистите се присутни на улиците во градот тие ги почитуваат правилата и прописите, меѓутоа возчите се во најголема мера кои што не даваат доволно предност и не водат доволно сметка за велосипедистите“– изјави Ставрески.

Недостига култура во сообраќајот посебно на возачите на автомобили, кои сметаат дека патот е само нивен, вели Славе Ќелешоски, кој е голем вљубеник во велосипедизмот. Ќелешоски смета дека повеќе од неопходна е велосипедска патека на патниот правец Струга – Охрид а сподели и лично искуство за велосипедизмот во Америка.

„Америка се обележани стазите за велосипеди, но ако нема тогаш и патот е обележан со нацртан точак, значи се движиш како автомобилите и тие не можат и не смеат да те претицаат ако не можат, таму се е обележано максимално“    

Инаку иницијатор на денешното велосипедско дефиле е општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот во соработка со СВР, Локалната Самоуправа, школските центри, детските градинки како и Црвенито Крст од Охрид. Тоа е во рамки на кампањата „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“ која се реализира низ целата република.

{loadposition content9}