Skip to main content

Верници од цела Македонија и Албанија се крштеваа во водите на езерото

Со чинот на светото крштение стануваме членови на светата православна Црква. Денес над дваесеттина верници на различна возраст ја примија светата тајна, крштение на традиционалното групно крштевање во водите на Охридското Езеро на Сараиште.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Андреј, Ката, Марија, Никола, Димитар, Коста, се само дел од православните верници кои беа дел од групното крштевање на Сараиште. Годинава по шести пат во водите на Охридското Езеро, се изврши овој христијански обред на големиот празник Богојавление. Светата тајна, крштение, денес ја примија над дваесеттина некрстени лица, на различна возраст, меѓу кои верници од  Кичево, Битола, Ресен па дури и соседна Албанија. Велат чуството е прекрасно а и секој кој е некрстен треба да го доживее.

„Од Кичево сум, татко ми ми кажа, и не случајно сум тука на Богојавление. Ние сме од Мала Преспа и сакав да се крстам, чуството е многу добро. Чуството е убаво спрема Бога, ние сме верници, македонци ако сме од таму све си имаме зачуваме по наша волја. Неописливо е чуството тоа само се доживува, не сум се крстила бидејќи татко ми бил комунист и во тоа време тоа било забрането. Јас сакав да се крстам во црквата каде што живеам но ми кажаа дека има групно крштевање и затоа одлучив


За големото значење на ова свето групно крштевање зборуваше отец Љупчо Симиџиоски. Тој пренесе и едно предание во врска со чинот свето крштение.

Упатувам апел до сите оние кои не се крстени на ваков ден да размислат за себе пред се и во наредните години подготвени на овој свет ден да го примат самиот чин светото крштение. Јас би спомнал дека во рана христијанска доба еден свет човек кога отишол во еден голем град со стотици илјади жители, биле крстени само 7 души,значи цел град не бил крстен, за неколку години што престојувал и што го проповедал името Христово со благодатта Божја кога заминал од тој град останале само 7 некрстени, јас би рекол во нашиот град дај Боже да нема некрстени“ – вели Симиџиоски.  

Групното крштение кое денеска го организира МПЦ не беше бесплатно, па така сите верници кои добија сведителство за крштение платија по 500 денари, и според нивната волја дополнително  даруваа пари на иконата на Светиот Бог.