Верниците и свештениците се простуваат со Владиката Тимотеј
Тажно бијат камбаните. Свештениците, монасите и верниците во Дебарско-кичевската епархија сплотени во тагата и молитвата, за упокоениот дебарско кичевски Митрополит Вадиката Тимотеј. Во Светиклимент храм на Плаошник се служеше Света Архиерејска Литургија, а посмртните останки беа изложени за проштално збогум со верниците . Свештениците велат животот и службата на Тимотеј беа светол пример за пожртвуваност и посветеност кон Црквата Божја.
–МПЦ денес чуствува голема загуба бидејки тоа беше еден човек мирољубив и особено рпидонесуваше за стабилноста мирот во светиот архиерејски синод. Епархијата ја водеше со голема посветеност, скоро 40 и повеќе години возобнови многу манаситир во неговата епархија монаштвото е најбројно, вели Партениј епископ.
–Смртта на Владиката Тимотеј претставува огромна загуба за целата епархија заради делата кој наназад додека беше се направија и возобновија многу цркви и манастири, а црквата се приближи до народот, вели градоначалникот Кирил Пецаков.
Верниците со тага и солзи во голем број се простуваат со третиот по ред Митрополит на Дебарско кичевската епархија, велат ќе остане запаметен како голем градител, возобновувач на многу цркви и манастири и монаштвото, но и духовен татко со широко срце за своите чеда.
–Беше искрен човек. Човек од кого можете се да слушнете и за црквата и се друго. Многу солиден.
–Ќе го паметам како добар раководител на нашата Епархија остави добри впечатоци за нас верниците и го молам Бога да продолжат и неговите наследници нашите свештеници од оваа Епархија исто како нашиот Владика добро да не водат.
–Многу добар човек, стабилен и ја чуваше верата. Затоа дојдов не сум од тука но дојдов почит да му искажам.
Тимотеј 43 години беше дел од МПЦ, а цели 29 години на чело на Дебарско кичевската епархија. Секој момент се чека одлуката на Синодот за погребението, кое извесно е дека ќе се случи во четврток во манастирскиот комплекс на Плаошник. кога се очекува да присуствува целиот црковно државен врв од земјава.
Новинар Соња Рилковска