Skip to main content

Верниците од католичка вероисповед слават Божик

Верниците од католичка вероисповед слават Божик.

 |  Јаковлева Лионела  | 
Bozik
Bozik

Верниците од Католичка вероисповед денес го празнуваат христовото раѓање по грегоријанскиот  календар.   Во католичката црква „Св Кирил и Методиј“во Охрид синоќа , на Бадник, се одржа вечерна миса на која присуствувал меѓу верниците и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, а денес се празнува Божиќ.
crkva
„Ние го славиме Божик , овој празник  е еден од најгоемите радсони празници во Христијанската вера. На овој празник се роди Исус Христос во мала пештера за да донесе мир во човекот, напатен со немири и омрази, Исус се насели меѓунас д абиде со нас и д адонес емир. Поракат  ее д адонесе мир ккаошто ангелите наветсија слва на Бога во висините , а на земјатат мир помеѓу луѓето со добра волја“, кажа отец Оливер Тантушев.

Во Охрид има околу 200 христијани и протестанти кои  го слават  католички Божик. Иако оваа заедница е мала таа е многу активна, појаснува отец Тантушев. ТВМ на овој  празничен ден беше во посета на швајцарското семејство Гигер во Охрид.

Giger Бруно е роден во Берн и со сопругата Иванка веќе  две години живеат во нашиот град.  Бруно раскажува за обичаите на празнувањето на Божик во Охрид и во Берн. Раскажува дека традицијата на славење од Швјацарија ја продолжуваат и во Охрид.  

„Подготовките за прославата на Божик започнува со палење на 4 адвенти свеќи.  Бадник се чека со најблиските, се вечера, се кити елка со свеќички, а под елката се оставаат подароци. Сите заедно пејат божиќни песни, а се оди на полноќен концерт во црква. На Божик сите меѓусебно се псоетуваат со семејствата и пријателите , се оди на ручек во ресторан, на планина или во ски центрите“, раскажува Бруно Гигер

Бруно Гигер додава дека на католички Божиќ им доаѓаат на гости нивните пријатели и соседи.  Среќен е што со својата сопруга покрај католичкиот го празнуваат и православниот Божик на 7 јануари. 

{loadposition content9}