Виа Ферата Доброја веќе е во употреба
Пуштена во употреба првата Виа Ферата, безбедна патека за алпинистичко искачување на карпа со помагала, на Галичица. Патеката го доби името „Доброја“, локален назив за растението Питома Фоја, која е карактеристична за повисоките делови од националниот парк.
Ова растение, посетителите ќе имаат можност да го видат веднаш покрај самата линија на фератата долга 535м. 145м се искачување на вертикални карпи, соодветно опремени со скалила, а останатиот дел, е пешачење по експониран терен со сајла. Поделена е во три раздели со различна тежина на качување и има три излези од истата, така што оние кои не можат да го издржат целиот напор, многу едноставно можат по безбедна патека во извесен дел да го напуштат качувањето објаснува Антонио Додевски од „Патагонија“, Алпинистичкиот клуб кој ја постави Виа Фератата.
„Алпинистичка патека која е целосно обезбедена и опремена со посебна опрема да можат да ја искачуваат и рекреативци, луѓе со авантуристички дух. Секако треба да имаат одредени физички предиспозиции и способности, но не треба да поседуваат посебна опрема, ниту да имаат предзнаење за техники на искачување, бидејќи на најкомплексните делови се поставени скали и фиксна сајла“– вели Антонио Додевски од Алпинистичкиот клуб „Патагонија“
Изведбата на патеката на терен траеше 2 месеци но на тоа предходеше проект кој се реализираше скоро 2 години бидејќи прво требаше да се изготви и усвои планот за управување со охридскиот регион во кој е предвидена авантуристичка зона и да се обезбедат сите неопходни согласности и дозволи. Изработена е по сите меѓународни стандарди за изработка на ваков вид локалитети, уверува Додевски. Ваквите потфати и туристички понуди дополнително ќе придонесат покрај за посетеноста на паркот и за подигнување на јавната свест за потребата за заштититување на вредностите кои ги имаме за сегашните и идните генерации.
„ Услови за подобрена рекреација во НП „Галичица“, при што посетителите ќе имаат можност да видат дел од природните убавини пределски и пејсажни вредности. Но исто така да се чуствуваат безбедно бидејќи Јавната установа оваа работа ја реализира во соработка со Патагонија и планинската спасителната служба од Охрид. “-кажа Андон Бојаџи, од НП Галичица.
Виа Фератата е изработена со поддршка од ПОНТ (Prespa Ohrid Natural Trust), во рамки на проектот „Авантуристичка зона во Националниот Парк Галичица“.
„Од пред неколку години го финансираме алпинистичкиот клуб Патагонија и НП „Галичица“ за да се направи оваа Виа ферата како дел од авнатуруистичкиот парк. За да се привлечат повеќе туристи во националниот парк но и да се менаџиратуристичка активност надвор од централната зона. Ние со нетрпение ја очекуваме оваа авантуристичка активност во паркот и навистина сакам да им честитам на алпскиот клуб „Патагонија“ и јавната институција националниот парк „Галичица“ и на Планинската спасувачка служба за ова достигнување.“– потенцира Мирјам де Конинг директорка на ПОНТ.
Покрај развивање на авантуристичката зона каде што се наоѓа Виа фератата со проширување на содржините и ставање во функција на првиот планинарски дом во високата зона на паркот овие планински ентузијасти од АК Патагонија најавуваат и многу други содржини за комплетирање на понудата во паркот за туристите, за што ќе следува потишување на тригодишен договор за соработка меѓу клубот и НУ НП Галичица.