Skip to main content

Женско занаетчиство

(Видео) Базар на занаетчики во Охрид

Базарот треба да ги инспирира младите жени, така што ќе го препознаат креативниот потенцијал и ќе се вмрежуваат во иднина со цел да го афирмираат македонското културно богатство преку заживување на занаетите.
 |  инфодеск  | 
Базар охрид

Триесет и пет жени занаетчики од Охрид, Битола и Скопје на главниот плоштад во Охрид ги претставија своите дела пред туристите.

Нивните ракотворби се инспирирани од македонските културни наследства од разни региони низ земјава.

Пред базарот ќе се одржи и завршната конференција на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ во организација на Центарот за управување со промени со финансиска поддршка од Balkan Trust for Democracy и USAID, организиран под покровителство на сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.

Видео од базарот веднаш под текстот.