ОЕМУЦ Св Наум Охридски – Охрид
Видео од ученици од ЕМУЦ, за притисокот и стресот на училиште, наградено на МАССУМ
Видеото е на тема: ,,Притисокот и стресот во врска со учењето и успехот на училиште”, под наслов: ,,Голема цена за големи достигнувања: Совладување на стресот и постигнување успех”.
Учениците Бобан Кочески, Иво Јовчески, Ален Бајрам и Димитар Димоски од паралелката III-3 од ЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” од Охрид, под менторство на професорот Ацо Вретоски, изработија видеоспот (видеореклама) за натпреварот Образовно рандеву МАССУМ 2023 на тема: ,,Притисокот и стресот во врска со учењето и успехот на училиште”, под наслов: ,,Голема цена за големи достигнувања: Совладување на стресот и постигнување успех”.
Оваа видеореклама го освои второто место на МАССУМ во конкуренција од средните стручни училишта во Македонија.