(Видео) Виа Ферата Доброја
Пуштена во употреба првата Виа Ферата, безбедна патека за алпинистичко искачување на карпа со помагала, на Галичица. Патеката го доби името „Доброја“, локален назив за растението Питома Фоја, која е карактеристична за повисоките делови од националниот парк. Ова растение, посетителите ќе имаат можност да го видат веднаш покрај самата линија на фератата долга 535м. 145м се искачување на вертикални карпи, соодветно опремени со скалила, а останатиот дел, е пешачење по експониран терен со сајла. Поделена е во три раздели со различна тежина на качување и има три излези од истата, така што оние кои не можат да го издржат целиот напор, многу едноставно можат по безбедна патека во извесен дел да го напуштат качувањето.
Погледнете го краткото видео за патеката Доброја.