Skip to main content

Авантуризам

(Видео) Виа Ферата Доброја

Во Националниот парк „Галичица“ веќе отворена првата Виа ферата. Новата туристичка понуда дополнително ќе придонесе покрај за посетеноста на паркот и за подигнување на јавната свест за потребата за заштититување на вредностите кои ги имаме за сегашните и идните генерации. Ентузијастите од Алпинистичкиот Клуб Патагонија кои ја изработија патеката со поддршка на фондот ПОНТ , најавуваат збогатување на содржоините во авантуристичката зона во националниот парк.
 |  инфодеск  | 
Виа ферата доброја

Пуштена во употреба првата Виа Ферата, безбедна патека за алпинистичко искачување на карпа со помагала, на Галичица. Патеката го доби името „Доброја“, локален назив за растението Питома Фоја, која е карактеристична за повисоките делови од националниот парк. Ова растение, посетителите ќе имаат можност да го видат веднаш покрај самата линија на фератата долга 535м. 145м се искачување на вертикални карпи, соодветно опремени со скалила, а останатиот дел, е пешачење по експониран терен со сајла. Поделена е во три раздели со различна тежина на качување и има три излези од истата, така што оние кои не можат да го издржат целиот напор, многу едноставно можат по безбедна патека во извесен дел да го напуштат качувањето.

Погледнете го краткото видео за патеката Доброја.