Од УХМР информираат дека з време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. Во понеделник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од денес до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.