Skip to main content

Бесплатна правна помош

Викендов граѓаните на Охрид и Струга ќе се информираат за бесплатна правна помош

Целта е да се информираат граѓаните на општините Охрид и Струга како може да го искористат системот за правна помош, што опфаќа бесплатната правна помош, кои се условите да ја остварат ова правна помош, на кој начин и каде можат да се обратат за да ја добијат.
 |  инфодеск  |  ,
Бесплатна правна помош

Утре (30.09.2023 ) од 9:00ч пред градскиот пазар во Струга и на 01.10.2023 (недела) во 9:00ч пред градскиот пазар во Охрид ќе се се одржи промоција на програмата за Бесплатна правна помош за граѓаните од Струга и Охрид.

Целта е да се информираат граѓаните на општините Охрид и Струга како може да го искористат системот за правна помош, што опфаќа бесплатната правна помош, кои се условите да ја остварат ова правна помош, на кој начин и каде можат да се обратат за да ја добијат. На промоцијата ќе присуствуваат и John Eams – консултантот на Совет на Европа и судија во Велика Британија, како и Victor Zaharia – консултант на Совет на Европа и престедател на Советот за правна помош во Молдавија, информираат организаторите.

Досегашното искуство покажало дека граѓаните се обраќаат за различни правни проблеми, од сите области-здравствена и социјална заштита, семејно насилство, бракоразводни постапки, имотно-правни односи, работни односи, права на лицата со попреченост, правата на децата итн.

Услугата за бесплатна правна помош е воспоставена и уредена со донесување на законот во 2019 година. Се остварува како примарна, која нуди информирање, советување, упатување, како и помош при пополнување на одредени формулари и претставки. Секундарната се одобрува на лица кои имаат потреба од стручна правна помош од адвокат по конкретно прашање,а не е во можност да го плати правното застапување.

Вакви активности се спроведуваат на територијата на цела Македонија и се во рамките на проектот за консолидиран и поефикасен систем за правда кој го спроведува Советот на Европа во рамките на Европската Унија, а во соработка со Министерството за правда.