Над 200 примероци викендов ќе бидат изложени на втората изложбата на спортски модифицирани и уникатни автомобили олд тајмери . Настанот Night car show со поддршка на општина Охрид ќе се одржи утре со почеток во 19:00 часот, на отворениот простор во поранешната касарна.
Целта на изложбата е збогатување на туристичката понуда на Охрид, продолжување на туристичката сезона со атрактивни настани и привлекување на поголем број на домашни и странски гости.
Покрај автомобили од земјава ќе има клубови и примероци од целиот Балкан.
„Ќе се одржува и оваа година исто како лани во охридската касарна на пистата. Се очекува бројката оваа година да надмине над 200 возила. Има голем број на љубители, како од помладата така и од повозрасната генерација. Сите љубители на автомобилизмот се поканети на добро место, со добра програма и за добра забава пред се“, вели Стефан Илиески од Урбан стри кар Охрид.
Според најавите на изложбата ќе учествуваат претставници на повеќе странски земји кои ќе ги постават на рагледување своите уникатни автомобили. Настанот богат со музичка програма ќе биде од натпреварувачи карактер, најдобрите примероци по разни категории ќе добијат пехари.
„Имаме и музичка програма со настап на ди џеи, а ќе има и клупско влечење на јаже, добро познатото туркање на рака и држење на бандаж. Сето тоа организирано за клубовите да имаат поголема забава пред се и дружење. Веќе гостите од Србија почнаа да пристигнуваат, имаме најава за гости од Роанија, Босна и Црна Гора. Ќе бидат одбрани топ 30 возила на самиот настан има и други поткатегории најдобар моторен простор, најдобар, ентериер, екстериер“, додава Стефан.
Како најава за Night car show минатиот викенд на плоштадот „Чинар” беше организирана изложба на ретки модели на автомобили.
Новинар Соња Рилковска