Викендов ќе се одржи симпозиум по повод 10 години активизам за ретките болести во Македонија
Здружението за ретки болести „РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК” од Охрид по повод 10 години активизам за ретките болести во Македонија и на интернационално ниво во периодот од 12.10.2024 – 13.10.2024 година во Хотел Нова Ривиера – Охрид ќе одржи симпозиум за ретките болести.
Цел на овој симпозиум е запознавање и промовирање на ретките болести, дијагностичките предизвици, новините во дијагностиката како и иновативните третмани на овие болести, концизно сумирани низ низа предавања и постер презентации на врвни експерти.
Во недела, 13 октомври, симпозиумот ќе го отворат министерот за здравство проф. д-р Арбен Таравари, претседателот на Комисијата за ретки болести при Министерството за здравство проф. д-р Злате Стојаноски и претседателката на Здружението за ретки болести од Охрид „Ретко е да си редок“ Гордана Лолеска.

Нудејќи практични совети и алгоритми овој симпозиум ќе им помогне на клиничарите во точно дијагностицирање на ретките болести преку запознавање со деталите при евалуација на таквите пациенти, велат од Здружението за ретки болести.