Викендов ќе одекнат музичките звуци од новото издание на „Канео фест“
Викендов ќе одекнат музичките звуци од новото издание на „Канео фест“.
На 27 и 28 јуни ќе се одржи музичкиот фестивал Канео фест. Годинешеното издание ќе се одржува по 14 -ти пат, а веќе 4 години фестивалот е во органзаиција на ТВ Морис. Јован Трпески е задоволен од подемот на фестивалот во изминативе три години откога ја презеле неговата подготовка и реализација.
„ Испадна дека ние го заживуваме фестивалот. Кога пред 4 години го направивме фестивалот имаше само 4 песни. Наредната година дозволивме прилив на фолк мелодии и успеавме да ја исполниме вечерта. Минатата година се случи да направиме две вечери. Истото се случува и годинава. 40 новосоздадени песни се добра поткрепа за македонскиот музички фонд“, подвлекува Трпески.
Фестивалот „Канео фест“ ќе се одржува две вечери на кои ќе настапат пејачи од фолк и поп музиката. Во фолк вечерта меѓу другите пејачи ќе настапат и познати естрадни музички имиња како што се Петар Нечоски, Благица Павлоска, Славица Стефоска, Фиданка Ѓорѓиева, Јорданка Смилеска, информира директорот на фестивалот Кристина Алексиоска.
„ И на поп вечерта ќе се бираат најдобрите композиции со музички ревијален дел на кој ќе настапат музички гости од цела Македонија, напоменува Алексиоска.
На фестивалот ќе бидат доделени и награди, како и Гранд при награда. За нив ќе одлучува публиката и стручното жири во состав од професори по музика. Победниците ќе имаат можност да снимат видео спот кој ќе има лиценца за реемитување. Фестивалот „Канео фест“ годинава ја има поддршката од Локалната самоуправа. Фестивалските вечери ќе се одржуваат на летната сцена Кино Бавча во Центарот за култура.