Од денес па се до недела Охрид повторно ќе биде домаќин на најинспиративниот настан за млади претприемачи – Startup Weekend Ohrid 2025, кој ќе се одржи во просториите на просториите на Факултетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.
Организаторите информираат дека во текот на 54 часа, 12 тимови ќе работат на развој на свои бизнис идеи, ќе креираат стартапи од нула, ќе добијат менторска поддршка од 20 докажани професионалци, и ќе ги презентираат своите решенија пред стручно жири составено од врвни експерти од светот на технологијата, иновациите и бизнисот.
Startup Weekend е дел од глобалната Techstars мрежа и претставува уникатна можност за сите кои сакаат да навлезат во светот на иновациите, технологијата и претприемништвото. Настанот е отворен за сите – дизајнери, програмери, маркетери, студенти, фриленсери и сите со креативен дух и желба да направат нешто свое.
Годинава, Startup Weekend Ohrid е поддржан од дури 38 спонзори и поддржувачи, кои со својата помош го прават овој настан можен. Ораганизаторите упатуваат благодарност до нивните клучни поддржувачи: Casys, Qinshift Academy, Halk Bank, KB Прво пензиско друштво, SCV, MKhost
и многу други компании, организации и институции кои веруваат во моќта на младите и иновациите.
-Со голема чест најавуваме дека на отворањето на настанот ќе присуствува и Градоначалникот на Општина Охрид, кој ќе има поздравно обраќање. Дополнително, поддршката од Швајцарската амбасада и British Council ја потврдува важноста на овој настан и неговото влијание врз развојот на претприемничката култура кај младите, додаваат во соопштението.
Покрај натпреварувачкиот дел, настанот ќе биде исполнет со инспиративни сесии, вмрежување, нови пријателства и уникатно искуство што ќе ги охрабри сите учесници да размислуваат храбро, креативно и претприемнички.