Викендов, 29-ти спроти 30-ти октомври започнува зимското сметање на времето.
Стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад, со што времето во 3 часот ќе се смета за 2. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
И покрај најавите за можно останување на летното сметање на времето, сепак Владата одлучи да нема промени во досегашното летно и зимско сметање на времето.