Skip to main content

УХМР

Викендов променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Денес во Охрид температурите од 16 до 27 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15l/m2), грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h.

Денес во Охрид температурите од 16 до 27 степени Целзиусови.

Од УХМР најавуваат дека дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд.