Викендов во Охрид Балкански конгрес по урологија
Од 5-7 април, Охрид ќе биде домаќин на Балканскиот конгрес на уролози.
| | Охрид
Од 5-7 април, Охрид ќе биде домаќин на Балканскиот конгрес на уролози.
– За прв пат во Македонија, ќе се одржи Балканскиот Конгрес по урологија, кој има за цел да ги обедини сите уролози од овој регион, без разлика од каде доаѓаат, а се со цел да ги споделат своите знаења кои досега ги стекнале и заеднички да напредуваат за доброто на пациентите, информираат организаторите.
На свеченото отворање на Балканскиот конгрес на урологија, кој ќе се одржи во хотелот „Метропол“, вечерва ќе се обрати министерот за здравство Венко Филипче.