Skip to main content

Викендов, второ издание на „Codefest“

Овој викенд на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, по втор пат ќе се одржи програмерскиот маратон „Codefest“.

 |  Голабовски Крсте  | 
codefest
кодфест

Овој викенд на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, по втор пат ќе се одржи програмерскиот маратон „Codefest“.

Овој настан, уникатен по својата природа, претставува маратон во програмирање на кој непрекинати 32 часа млади програмери од цела Македонија ќе развиваат креативни и иновативни идеи со добар бизнис потенцијал. „Codefest“ ќе започне во сабота на 5 април, во 9:00 часот наутро, а ќе трае до недела, 6 април  до 17:00 часот.

codefestНастанот е организиран како идеја и иницијатива на тимот од студенти на Универзитетот за информатички науки и технологии  „H-Sense“ составен од Јасна Тренгоска, Вилијам Асиама и Александар Митревски и поддржан од Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Нинослав Марина, Студентскиот Парламент  и  Студентскиот Технички Клуб „SITE“.

„Codefest 2014“ ќе се одржи во знакот на креативноста и иновацијата и бизнис вредноста на идејата која секој од тимовите ќе ја претстави, како предност при вреднувањето во споредба со техничката обемност и имплементација на напишан код. Ова го издигнува „Codefest“ на едно повисоко ниво на вреднување на финалниот производ  на учесниците на маратонот. На маратонот  нема ограничување во користење на технологии и платформи, но учесниците не треба да дојдат на настанот со никакви претходни подготовки, освен со креативна идеја и позитивно расположение.

„Интересот за „Codefest“ оваа година  е  изненадувачки  и најавени се учесници од скоро сите ИТ институции од Македонија. Очекувањата и овој пат се непрекинати 32  часа кодирање, забава и дружење, од кои ќе произлезат сериозно добри идеи“, вели Јасна Тренгоска , студент на УИНТ и дел од организацискиот тим.

{loadposition content9}