Skip to main content

Википедија

Википедијанците во Охрид

Oд 14-ти до 16-ти октомври 2022 година, во Охрид ќе се одржи 11. годишен собир на Википедијанци од Централна и Источна Европa.
 |  Голабовски Крсте  | 
Википедиа

Oд 14-ти до 16-ти октомври 2022 година, во хотел „Метропол“ во Охрид ќе се одржи 11. годишен собир на Википедијанци од Централна и Источна Европа – Wikimedia CEE Meeting 2022.

Главен фокус на Конференцијата се проектите на Викимедија (Википедија и слични проекти) во земјите и заедниците од Централна и Источна Европа а ќе учествуваат над 120 учесници од повеќе земји во деловите на Централна и Источна Европа.

Собирот се одржува со мотото „Повторно заедно“, „Bringing back together“, а ќе започне на 13-ти октомври со т.н. Learning day, каде ќе се дискутира за креативноста, влијанието на можните и присутни конфликти и стратегијата на работа на Википедијанците од Европа.Важен момент од тридневниот настан е збогатување на Википедијата на македонски јазик, со што нашиот македонски јазик е присутен насекаде. Вклучувањето на што поголем број креатори на содржини на македонски јазик ќе ја зголеми присутноста во целиот свет.