Виолета Петковска од ОУ„Кочо Рацин“ е носител на сертификат за најдобар учител
Професорката по одделенска настава со својата креативност и посветеност е добитник на голем број меѓународни и државни награди за проекти, стручни трудови, едукативни филмови. Насмеаните детски лица на нејзините ученици се мотив постојано да трага по креативни решенија во наставата и да го подига степенот на квалитет во образованието.
Виолета Петковска, професор по одделенска настава од ОУ „Кочо Рацин“, со постер презентација учествуваше на образовна конференција во Будва. Професорката по одделенска настава со својата креативност и посветеност е добитник на голем број меѓународни и државни награди за проекти, автор на 20 стручни трудови и 70 едукативни филмови. Петковска е дел од Асоцијацијата на најдобри наставници од поранешна Југославија и е единствен претставник од југозападниот дел на земјава. Од Будва се врати со уште еден сертификат за нејзината креативност, во низата меѓународни признанија и награди. Во светот се слушна за училиштето Кочо Рацин, Охрид, Македонија. За Петковска, светот е една отворена училница во која секој учител треба да вложува љубов и ентузијазам во работата.
„ Глобалното учество во проекти каде добивам покани и со мојата креативност ги анимирам ученците сето тоа е здоовлство.Потекнувам од Охрид ,лулката на словснкат писменост, книжевност и култура и ние наставниците мора да се вмрежуваме и здружуваме за да се усовршуваме себе си и профеисоналниот развој. Јас сакам да знам, да учам, да работам. На тој начин човекот е исполнет и допринесува како поединец во својата средина, а надвор ја претставува и нашата земја“, вели Петковска.
Охридската професорка по одделенска настава со 23 годишно работно искуство постојано допринесува за подобро образование на нејзините ученици. Во оваа учебна година нејзиниот клас ќе го завршат 16 првоодделенци. Насмеаните детски лица на нејзините ученици се мотив постојано да трага по креативни решенија во наставата, ги учи на вистинските вредности и го обликува нивното карактерно образование.
„ Од мали нозе сум сакала да бидам учител, моите родители беа учители. Тоа е најблагородната професија. Децата да ги сакаш, до споделуваш информации со ентузијазам, материјалното ништо не ни значи. Срцето е исполнето. Сите што бевме одбрани за најдобри учители на екс Ју го покажавме тоа. Љубовта и ентузијазмот не здружија од сите држави, без предрасуди се гледа трудот и ангажманот, сето она што сте го постигнале“, напоменува Петкоска.
ОУ „ Кочо Рацин“, од охридската населба Радојца Новичич брои над 360 ученици. Од неговото основање во 1986 година до денес, школото постојано ги подобрува и условите за работа и наставен престој на учениците. Основците и наставниците постојано постигнуваат успеси и се стекнуваат со бројни општински, државни и меѓународни награди.